ФИФА ќе се состане во четврток за тоа дали ќе дозволи репрезентацијата на Еквадор да игра на Светското првенство во Катар, откако оваа недела се појавија нови извештаи дека дефанзивецот Бајрон Кастиљо можеби има фалсификуван пасош. „Дејли Мејл“ пренесе дека фудбалерот не само што е роден во Колумбија, туку е три години постар од она што го пишува на неговата лична карта.
„Тоа воопшто не ни пречи. Ние знаеме за обвинувањата веќе неколку години и не е ништо ново“, изјави потпретседателот на федерацијата Карлос Мансур во интервју за чилеанскиот весник „Ла Терцера“.
Според него, записот за фалсификување пасоши е од истрага на Еквадорците во 2018 година. По завршувањето на истрагата, Еквадор му издал нов извод од матична книга на родените на Кастиљо и потоа бил повикан во репрезентацијата.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












