
Менаџерот на Челси, Грем Потер, изјави дека едвај чека да дебитира на клупата на лондонскиот клуб. Потер неодамна го замени Томас Тухел на клупата на „сините“, а вечерва ќе дебитира на натпреварот од второто коло во Лигата на шампионите против Салцбург.
„Досега никогаш не сум бил на меч од Лигата на шампионите. Ниту како гледач. И се покажа дека ќе дебитирам во елитното натпреварување. Би било убаво да почнам со победа”, изјави Потер.
Натпреварот помеѓу Челси и Салцбург се игра од 21 часот, а лондонскиот клуб има потреба од триумф откако загуби во првото коло од Динамо Загреб на „Максимир“.
Во вториот натпревар од групата Е ќе се сретнат Милан и Динамо Загреб. Италијанскиот шампион има еден бод, а хрватскиот три.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
