Баерн Минхен славеше против Барселона со 2-0 „Алијанц арена“ и ја продолжи традицијата да го победува каталонскиот тим во ЛШ. Роберт Левандовски немаше некое забележливо враќање во Минхен, а стрелци на головите за Баерн беа Лукас Хернандез и Лирој Сане на почетокот на второто полувреме.
Ливерпул во финишот стигна до победа над Ајакс од 2-1. Мохамед Салах донесе водство во 17.минута, но десет минути подоцна израмни Мохамед Кудус. Ливерпул долго се обидуваше да дојде втор гол, а го постигна Жоел Матип во 89.минута.
Баер Леверкузен го победи Атлетико Мадрид со 2-0 Роберт Андрих во 84.минута го отвори резултатот, а Муса Дијаби во 87.минута го потврди триумфот.
Клуб Бриж го уништи Порто на „Драгао“ со 0-4. Феран Џутгла погоди од пенал во 15.минута, а во вториот дел голови постигнаа и Совах, Сков Олсен и Нуса.
Ајнтрахт Франкфурт славеше триумф од 0-1 на гости против Олимпик Марсеј. Стрелец беше Јеспер Линдстром во 43.минута.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












