Масимо Мауро, поранешниот напаѓач на Јувентус, има многу интересна теорија за воведувањето на ВАР технологијата во фудбалот. Приказната започна по кардиналната грешка на ВАР-собата, кога на Јувентус не му беше признат чист гол на натпреварот од Серија А против Салернитана за да победи со 3-2 во последните моменти од натпреварот. Милик со глава ја погоди противничката мрежа, но голот беше поништен бидејќи Бонучи наводно бил најблиску до противничкиот голман и го спречил навреме да реагира.
Сепак, не е прикажана целосната слика бидејќи се гледа еден играч на Салернитана, кој е веднаш до корнер знаменцето така што немаше прашање за офсајд.
Револтираниот Мауро верува дека сè е дел од заговор против „старата дама“.
„ВАР е измислен за да го спречи Јувентус да освои повеќе титули. Пред воведувањето на ВАР, Јувентус четири години беше најдобар во Италија. Направено е се за Јувентус повеќе да не биде шампион“, изјави Мауро.
Беа револтирани и играчите со Јувентус. Капитенот Бонучи истакна дека Јуве е ограбен, но дека треба да го насочат целиот свој гнев кон натпреварот од Лигата на шампионите против Бенфика в среда.
Во шампионатот на Италија, Јувентус по шест кола има десет бода. Во моментов заостануваат четири бода зад Милан, Наполи и Аталанта кои се на врвот на табелата.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












