
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, го објави списокот на фудбалери за натпреварите против Грузија и против Бугарија во Лигата на нации. На него има 27 имиња, а четворица од нив се од македонското првенство.
Има проблеми, здравствени, но и со формата на дел од фудбалерите.
“Не сум задоволен од формата на голем дел од фудбалерите. Дел од нив немаат клубови, дел од нив штотуку пронајдоа, во врвна форма играат само неколкумина, Адеми, Ристовски, Димитриевски, Миовски, Алиоски…Ќе мора сите да направат напори да ја подобрат формата. Што се однесува до Илија Несторовски, тој е одличен фудбалер и никако не сме се откажале од него. Но, мислам дека со се што има дадено за репрезентацијата на Македонија, тој заслужува кога ќе биде повикан да конурира за стартер. Во оваа сегашна ситуација сега уште не е така, но се надевам дека тоа ќе се промени”, изјави селекторот Благоја Милевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
