Connect with us

ЛШ: Левандовски првпат против Баерн, Ливерпул мора до победа против Ајакс

Продолжува групната фаза во Лигата на шампионите. Најинтересен секако е дуелот меѓу Баерн Минхен и Барселона, кои на „Алијанц аеена“ ќе се сретнат во натпревар од групата Ц.


Баерн Минхен на отворањето на натпреварувањето го победи Интер (2-0), додека Барселона доминираше против Викторија Плзен (5-1). Покрај важноста на резултатот во група со три многу силни екипи, од кои две ќе се пласираат во следната фаза од натпреварувањето, натпреварот ќе биде интересен и поради враќањето на Роберт Левандовски во клубот за кој постигна 344 гола и играше повеќе од осум години. Фантастичниот Полјак сакаше да си замине една година пред крајот на договорот со клубот од Минхен.

Неговиот сон беше Барселона, кој на крајот се оствари, но трансферната сага сепак остави белег, со оглед дека Баерн не сакаше лесно да го пушти. Барселона, пак, имаше проблеми поради финансиите. Левандовски на крајот пристигна во каталонскиот клуб и на шест настапи постигна девет гола. Тој постигна хет-трик во Лигата на шампионите против Плзен и со тоа одличен начин го најави доаѓањето на „Алијанц арена“.

„Се надевам дека навивачите ќе му приредат пријателски пречек на Роберт бидејќи тој играше со нас осум години и реши многу натпревари. Сите го добија тоа што го сакаа: Роберт е во Барселона, Барселона го има Левандовски, а ние имаме пари за иднината“, изјави претседателот на Баерн, Херберт Хајнер, пред натпреварот со Барселона, на кој ќе суди Холанѓанецот Дени Макели.

Интер ќе биде фаворит против Плзен. По воведниот пораз, избраниците на тренерот Симоне Инзаги како гости треба да освојат три бода.

Тотенхем ќе биде фаворит во Португалија, каде во 18:45 часот ќе го пречека Спортинг Лисабон, откако избраниците на тренерот Антонио Конте одмораа викендов поради одложените натпревари во Премиер – лигата.

Возбудлив беше крајот на натпреварот меѓу Атлетико Мадрид и Порто (2-1). Се чинеше дека тоа ќе биде единствениот меч што ќе заврши 0-0, но за 12 минути и тоа во судиското продолжение беа постигнати дури три гола. Херој беше Антоан Гризман, кој погоди во 101. минута и донесе победа за избраниците на Диего Симеоне.

Клуб Бриж, пак, го победи Баер Леверкузен со еден гол разлика. Мадридскиот клуб денеска од 21 часот ќе игра против Баер Леверкузен во Германија, додека Порто во исто време ќе оди на „Драгао“ по првите бодови против Бриж.

Најголемото разочарување во новата сезона и не само во Лигата на шампионите е Ливерпул. Избраниците на Јирген Клоп се на седмото место во Премиер – лигата, додека со катастрофален пораз од Наполи (1-4) го отворија елитното европско натпреварување во групата А.

Тешка задача ќе имаат и на „Енфилд“ бидејќи се среќаваат со Ајакс. Холанѓаните беа доминантни и без проблем го надиграа Глазгов Ренџерс (4-0) во натпревар во кој можеше да има повеќе голови.

Нов неуспех за Ливерпул би предизвикал сериозна загриженост за пласманот во нокаут фазата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови