Connect with us

Шкриниар бара поголема плата за да остане во Интер

Милан Шкриниар „преживеа“ уште еден преоден рок и на изненадување на многумина остана во Интер. 27-годишниот стопер остана на „Џузепе Меаца“ и покрај големиот интерес на ПСЖ. Се чини дека останувањето повеќе е работа на негова желба отколку на управата на Интер.


Шкриниар никогаш не ја криел љубовта кон „нероаѕурите“, но набрзо почнале преговорите за вредноста на таа љубов. Имено, договорот на Словакот завршува на крајот од оваа сезона.

Последното зголемување го доби во 2019 година, а во Интер е од 2017 година кога пристигна од Сампдорија во трансфер вреден 34 милиони евра.

Шкриниар заработува 5,5 милиони евра годишно, а неговите и барањата на неговиот менаџер за продолжување на соработката се зголемување на приходите на 6,5 милиони евра плус бонуси, на што Интер не се согласува.

Следува нова рунда преговори. Челниците на Интер сакаат да ја искористат претстојната репрезентативна пауза за да се обидат да најдат заеднички јазик со играчот и неговиот менаџер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови