
Во средината на оваа година во светските медиуми одекна веста дека Жерар Пике и Шакира раскинале по 12 години.
Врската помеѓу познатиот фудбалер и пејачката беше интересна за медиумите, а нивната разделба дојде како „експлозија“. Откако Жерар Пике раскина со познатата колумбиска пејачка, во шпанските медиуми се појавија различни информации за приватниот живот на двајцата.
Capturaron a Shakira y pique en plena discusión (aparantemente) se vienen letras más intensas? …. 😱 pic.twitter.com/vEghX0SyOe
— Shakira Rock 🤖 🤟 (@ShakiraRock3) September 1, 2021
Шпанските медиуми пишуваат дека колумбиската пејачка наводно планира одмазда, откако видела дека фудбалерот се појавил со нов партнерја со кој наводно е во врска од пред една година.
Меѓутоа, светот остана шокиран од новите фотографии кои ги објави „Марка“.
На фотографиите се гледа жестока расправија меѓу Шакира и Пике на јахта. Ова се случило за време на годишниот одмор, а за работите да бидат уште подраматични, сето тоа се случило пред очите на нивните деца, кои ја следеле расправијата.
Шакира планирала да се пресели во Мајами со двата сина, но Жерар Пике се спротивставил. Двајцата ќе одат на суд бидејќи не постигнале договор на двете средби во август.
Сега главна тема стана старателството над двете деца Саша (6 години) и Милан (9 години).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
