
Реал Мадрид размислува да му понуди нов договор на тренерот Карло Анчелоти. Актуелниот договор на Италијанецот е до летото 2024 година, а тој изјави дека има намера да се пензионира по неговото истекување. Сепак, Флорентино Перез ќе се обиде да го убеди да остане подолго на „Сантијаго Бернабеу“.
63-годишниот стручњак втора сезона во Реал Мадрид откако се врати во клубот минатото лето и го предводеше тимот до триумф во Ла Лига, Лигата на шампионите, Суперкупот на Шпанија и Суперкупот на Европа.
Претседателот на Реал, Флорентино Перез, е повеќе од задоволен од играта на тимот и резултатите под водство на Анчелоти. Затоа планира да му понуди нов договор. Во оваа фаза не е јасно колку би траел договорот и дали воопшто тој ќе се согласи на повторно потпишување.
Со минатогодишната титула во Лигата на шампионите, Анчелоти стана најуспешниот тренер во елитното натпреварување со четири освоени трофеи. Неговиот триумф во Ла Лига го направи првиот тренер кој освоил титули во сите големи лиги во Европа – Шпанија, Англија, Германија, Франција и Италија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
