Арсенал ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Цирих и славеше со 1-2 на стартот од групната фаза во Лигата на Европа. Микел Артета им даде шанса на помладите фудбалери, а стрелаа Маркињос и Нкетија. Единствениот гол за Цирих беше дело на Криезиу.
Рома загуби од Лудогорец на гости во Бугарија со 2-1. Каули и Нонато беа стрелци за бугарскиот тим, а Шомуродов погоди за Рома.
Алиоски и Фенербахче победија дома против Динамо Киев со 2-1, а стрелец на победничкиот гол беше Мичи Батшуаи во 92.минута. Алиоски играше до 80.минута на овој меч.
Тричковски и АЕК Ларнака загубија со 1-2 од Рен на домашен терен. Асињон во 94.минута донесе триумф за Рен, а Тричко настапи до 80.минута за АЕК Ларнака.
Бетис со 0-2 го победи Хелсинки, а двоен стрелец беше Жозе Вилијам. Малме загуби од Брага дома со 0-2.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












