
Фудбалерите на Шкендија го надминаа ’комплексот Победа’ и остварија убедлив триумф (5-2) против прилепскиот прволигаш. Арменд Алими беше стрелец на првиот гол во петтата минута, Енур Тотре зголеми на 2-0 во 14.минута, а Егзон Бејтулаи погоди третпат во 26.минута.
Јаник Макота беше стрелец на погодок за Победа во 76.минута, а во завршницата погодија и Марјан Радески и Стенио Жуниор. Трајкоски ги постави конечните 5-2.
Вардар го совлада Силекс со 1-0 на стадионот „Борис Трајковски“, а погодокот го постигна Матеј Цветановски во 55.минута. Разликата меѓу првите два тима на табелата и понатаму останува осум бода.
Академија Пандев славеше против Ренова со 2-1, и тоа со два пенали. Љупчо Дориев од пенал донесе водство за домаќинот во 40.минута, Бурхан Мустафов во 83.минута израмни, но во финишот беше досуден уште еден пенал за Академија Пандев. Успешен реализатор беше Ѓорѓи Стоилов во 89.минута.
Македонија ЃП и Работнички ремизираа 1-1 во Ѓорче Петров. Христијан Кировски со одличен погодок донесе водство за домаќинот во 63.минута, но пет минути подоцна Работнички израмни преку Николче Шаркоски.
Беласица оствари триумф (2-0) против Шкупи. Пепи Георгиев во деветтата минута постигна водечки погодок за Беласица, а Душан Савиќ од пенал во 75.минута го постави конечниот резултат.
ПРВА ЛИГА, 25.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – РЕНОВА 2-1
ВАРДАР – СИЛЕКС 1-0
БЕЛАСИЦА – ШКУПИ 2-0
ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА 5-1
МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ 1-1
Табела: Шкендија 56, Вардар 48, Академија Пандев 45, Ренова 33, Шкупи 33, Работнички 32, Македонија ЃП 30, Силекс 24, Беласица 22, Победа 18.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора

Млади репрезентации
Младите фудбалери посакуваат триумф над Црна Гора
