Вардаровиот шеф на стручниот штаб, Александар Васоски поради суспензија не беше на клупата на „црвено-црните“ на вчерашниот натпревар против Академија.
Како и да е, по мечот Васоски искажа незадовоство од резултатот и, пред се од неискористените шанси на фудбалерите на неговиот тим кои не искористија многу шанси, особено и при водството од 1-0 со што потоа би се гарантирала победата.
„Љубителите на фудбалот кои беа на стадионот видоа дека на 1-0 не искористивме многу убави шанси. Навистина е недозволиво да не се реализира барем еднаш од тие прилики. Од друга страна, пак, противникот од првата посериозна шанса стигна до гол и до бод. Сигурно дека не сум задоволен од резултатот за кој сметам дека е незаслужен. Но, тоа е фудбалот, кога нема да се користат шансите, следува казната. Треба да жалиме за двата бода, но ќе мораме да се фокусираме веќе кон следните предизвици и ова да го заборавиме. Нормално и од вакви работи да извлечеме поуки, односно да тренираме да ја поправиме таа реализација за да не ни се случуваат вакви работи во иднина“ – изјави тренерот на Вардар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Евро-фудбал
Сасуоло го изненади Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција













