Connect with us

Вардар и Шкендија одиграа без победник, Работнички ја совлада Ренова во Тетово

Вардар и Шкендија не успеаја да постигнат гол и ремизираа без голови на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Шкендија ја задржа предноста од 12 бода, а Вардар и понатаму мечтае да го победи ривалот. 

Не се тресеа мрежите, но секако имаше набој и тензија на овој дуел. Агим Ибраими во 18. минута ја пропушти најубавата можност за Шкендија кога излезе сам пред Гачевски, но шутираше над голот. Фелипе во 47. минута се закани со шут од 18 метри, но без ефект, а во 68.минута се обиде и Матеј Цветановски од работ на шеснаесетникот, но крај голот.  

Работнички ја совлада Ренова со 1-2 во Тетово и ги врати повторно надежите за излез на европска сцена. Емил Вијачки во 63.минута по корнерот на Петар Петковски донесе водство за гостите. Во 74.минута израмни  Ермедин Адем по корнер за Ренова, но, Оливер Пеев само две минути подоцна повторно донесе предност за Работнички.

Петковски шутираше од десетина метри, Ѓуриќ ја одби топката, а Оливер Пеев постигна погодок. Во 82.минута,Ристо Јанков му одбрани пенал на Влатко Стојановски и „романтичарите“ ги грабнаа трите бода.            

Шкупи го победи Силекс со 2-1. Рон Броја во 33.минута и Сухејљ Мухарем седум минути подоцна донесоа предност од 2-0 за домаќинот. Филип Дурански во 51.минута намали на 2-1, но славјето му припадна на Шкупи.

Македонија ЃП и Академија Пандев одиграа 1-1. Даниел Миловановиќ во 45.минута донесе водство за гостите, а Кристијан Филиповски израмни во 65.минута. 

Беласица и Победа исто така ремизираа 1-1. Јаник Макота во 61.минута погоди за Победа, а Душан Савиќ изедначи во 73.минута.     

ПРВА ЛИГА, 28.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 0-0

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ 1-2

ШКУПИ – СИЛЕКС 2-1

МАКЕДОНИЈА ЃП – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-1

БЕЛАСИЦА – ПОБЕДА 1-1  

Табела: Шкендија 63, Вардар 51, Академија Пандев 47, Работнички 39, Ренова 36, Шкупи 36, Македонија ЃП 35, Силекс 28, Беласица 24, Победа 20.  

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови