Беласица приреди вистинско изненадување со лесната победа од 2-0 против Академија Пандев во претходното коло од домашниот шампионат, со што остана во игра за опстанок во прволигашката конкуренција. Но, за струмичани се неопходни бодови во низа доколку сакаат да останат во елитата, па неизбежно триумф е потребен и во денешното 30. коло против Шкендија во Струмица.
Свесни се и во редовите на Шкендија дека Беласица силно ќе атакува на победата, иако оттаму порачуваат дека и тие сакаат што побрзо да ја осигураат шампионската титула.
„На Беласица и се потребни бодовите за опстанок, но и ние сакаме што е можно побрзо математички да ја осигураме титулата. Одиме во Струмица за да победиме“ – вели репрезентативецот Марјан Радески.
Вардар, пак, по претходната победа против Ренова гостува на Македонија ЃП во Ѓорче Петров. Факт е дека ниту „лавовите“ не се сигурни кога е во прашање опстанокот, па се очекува атак на домашните кон три бода од оваа пресметка.
ПМФЛ – 30. КОЛО (денеска, 16 ч.)
Скопје: ШКУПИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА
Струмица: БЕЛАСИЦА – ШКЕНДИЈА
Тетово: РЕНОВА – СИЛЕКС
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР
Standings provided by Sofascore LiveScore
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Евро-фудбал
Сасуоло го изненади Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција













