
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе остане во Наполи и оваа сезона. Ова откако претседателот на „наполитанците“, Аурелио де Лаурентис, ги одбил сите понуди што пристигнале за него во клубот.
Покрај италијанскиот првак Милан, за Елмас интерес појавил и Торино, кој исто така доставил официјална понуда. Сепак, Наполи кажал „не“.
Тренерот Лучијано Спалети, а и раководството на Наполи оваа сезона очекуваат Елиф Елмас да блесне во полн сјај и да се наметне како еден од клучните играчи во тимот. Минатата сезона тој имаше минутажа, но најмногу беше користен во ротацијата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal