
Фудбалскиот клуб Милан и Оливие Жиру започнаа преговори за нов договор. Францускиот репрезентативец минатата сезона дојде на „Сан Сиро“ од Челси, во трансфер вреден околу еден милион евра.
Многумина очекуваа дека тој ќе ја игра улогата на џокер во тимот, а по потреба ќе влегува во игра. Сепак, францускиот напаѓач ги надмина сите очекувања.
Во својата прва сезона во дресот на „росонерите“, Жиру постигна 11 гола, со што значително придонесе италијанскиот клуб да ја освои шампионската титула.
Раководството на Милан е повеќе од задоволно од дебитантската сезона на искусниот напаѓач и одлучи да започне преговори со него околу нов договор.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен
