
Младинскиот репрезентативец на Македонија до 21 година, Марио Илиевски, потпиша тригодишен договор со унгарскиот прволигаш Кишварда. Напаѓачот кој настапуваше за Септември Софија минатата сезона постигна 19 гола и имаше шест асистенции на 36 натпревари со што го привлече вниманието на клубовите од регионот.
Во Кишварда, Марио Илиевски ќе му се придружи на Јасир Асани, крилниот напаѓач кој своевремено играше за Вардар, а сега се очекува промена на неговиот „спортски пасош“ за повторно да има право за настап за Македонија.
Кишварда минатата сезона ја заврши како вицепрвак во Унгарија, веднаш зад Ференцварош со 59 бода од 33 меча.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дориев двоен стрелец за Согдиана (ВИДЕО)
