Шкупи со неверојатен пресврт во последните неколку минути го победи Работнички со 1-2 на „Тодор Проески“ арена и обезбеди пласман во Лигата на Европа, освојувајќи го четвртото место на табелата во Првата лига. Во Европа оди и Македонија ЃП, како петтопласиран тим, со оглед дека Вардар не доби лиценца за настап.
Супер-драматичен беше мечот на најголемиот стадион. „Романтичарите“ имаа предност со голот на Баже Илијоски во 84.минута, но Џонатан Берат Устабаши во 89.минута и во 92.минута обезбеди европски излез за тимот од Чаир.
Македонија Ѓорче Петров лесно славеше со 0-3 против Победа која веќе неколку кола е второлигаш. Бенјамин Демир погоди во 39.минута, Боби Божиновски зголеми на 0-2 во 51.минута, а третиот гол беше дело на Илирид Адеми во 70.минута. Јаник Макота во 82.минута постигна почесен гол за Победа.
Ренова ја совлада Шкендија со 3-1. Шкендија поведе преку Енсар Љума во 12.минута, но Емран Рамадани возврати со два гола во 41. и во 44. минута. Мухамед Усеини во 77.минута го постигна третиот гол за „гипсарите“.
Вардар нема да игра Европа поради неиздадената лиценца, а ремизираше (1-1) против Академија Пандев на гости. Стрелец на голот за вардарци беше Фелипе во 65.минута, а десет минути подоцна возврати Диме Димов.
Силекс ја совлада Беласица со 2-1. Филип Дурански во шестата минута донесе водство за Силекс, а израмни Христијан Денковски во 66.минута. Но, Бобан Георгиев во 72.минута успеа да постигне победнички погодок за кратовци, кои ќе играат бараж за опстанок во елитното друштво.
ПРВА ЛИГА 36.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
РЕНОВА – ШКЕНДИЈА 3-2
РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ 1-2
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ВАРДАР 1-1
ПОБЕДА – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-3
СИЛЕКС – БЕЛАСИЦА 2-1
Табела: Шкендија 79, Вардар 64, Академија Пандев 58, Шкупи 48, Македонија ЃП 47, Ренова 47, Работнички 46, Силекс 44, Беласица 38, Победа 23.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski