
Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, играл повреден во финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Ова го откри лекарот на египетската репрезентација Мохамед Абду Ела.
Салах го повредил бутниот мускул за време на финалето на ФА купот против Челси, кога Египќанецот беше принудно заменет во 33. минута.
„Салах заработи повреда на адукторот во финалето на ФА Купот. Сепак, тој играше на следните два натпревари со Вулверхемптон и со Реал Мадрид и сите во рок од 14 дена. Според статистиката, тој е вториот најкорисен играч од Ливерпул. Кај нас доаѓаат лекарските извештаи од клубовите и Ливерпул не извести дека има болки и треба да направи рендген.Тешко е играчот да биде 100% здрав, но прашање е кога може да игра без да го ризикува здравјето“, изјави докторот на египетскиот национален тим.
Тоа значи дека Салах и покрај болката, стисна заби и одигра 90 минути на теренот во финалето против Реал.
30-годишниот фудбалер оваа сезона одигра 51 натпревар за „црвените“. На „Енфилд“ се надеваат дека ќе бидат целосно регенериран за стартот на подготовките на 4 јули. Новата сезона во Премиер – лигата започнува на 6 август.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна Тотенхем во Лондон (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Тудор е пред отказ во Јувентус?

Евро-фудбал
Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Интер со голот на Бони го освои Рим (ВИДЕО)

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец

Евро-фудбал
Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Интер со голот на Бони го освои Рим (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Тросар го чува врвот за Арсенал (ВИДЕО)
