
Шпанија ја совлада Чешка со 2-0 и се наоѓа на првото место во групата 2 од А-дивизијата со осум бода. Карлос Солер во 24.минута донесе предност за „фуријата“, а Пабло Сарабија го потврди триумфот.
Швајцарија ја победи Португалија со 1-0 и ја прекина серијата лоши резултати во Лигата на нации. Напаѓачот на Бенфика, Харис Сеферовиќ уште во првата минута ја затресе мрежата на противникот, а Португалците без Кристијано Роналдо не најдоа сили да возвратат.
Словенците ремизираа против Србија, 2-2. Словенија губеше со 0-2, но во второто полувреме успеа да возврати и стигна до реми. Андрија Живковиќ и Александар Митровиќ обезбедија два гола предност за селекцијата на Драган Стојковиќ Пикси, но Словенците израмнија со головите на Адам Гнезда и на Бењамин Шешко во второто полувреме.
Грција го победи Косово со 2-0 во Лигата Ц, а Малта беше поуспешна од Сан Марино со 1-0 во Лигата Д.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski