
Шпанските медиуми од синоќа бомбастично пишуваат дека е прекината врската меѓу Жерар Пике и Шакира. Неколку медиуми додаваат дека причина за раскинувањето е тоа што колумбиската пејачка пред извесно време го фатила Пике со друга жена.
Една од најпознатите двојки ја започна својата љубов во 2010 година кога се запознаа на Светското првенство во Јужна Африка, за кое Шакира сними и официјална песна.
Тие никогаш не ја официјализираа врската со брак, а имаат две деца.
Пике аводно веќе неколку недели живее во „момчешки“ стан во Барселона, каде според неговите соседи организира забави кои траат до 3 часот по полноќ.
Шпанските весници наведуваат дека друштво му прави неговиот млад соиграч од Барселона, Рики Пуиг.
Пред овој скандал Пике и неговата компанија беа во центарот на аферата кога беше одлучено натпреварувањето од шпанскиот Суперкуп да се пресели во Саудиска Арабија и воедно да се промени форматот на натпреварувањето.
Тешки денови за Пике, особено надвор од теренот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија

Евро-фудбал
Меси донесе финале за Интер Мајами (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Сасуоло го претстави Немања Матиќ

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
