
Реал Мадрид на секој начин се обидува да го надомести „предавството“ на Килијан Мбапе, кој реши да остане во Пари Сен Жермен. „Билд“ денеска пишува дека Баерн Минхен е во неволја, бидејќи Реал Мадрид ќе се обиде да го преземе Садио Мане.
Сенегалецот сака да си замине од Ливерпул, чувствува дека не е доволно ценет во клубот, слично се чувствува и Мо Салах, а Мане долго време е во преговори со Баерн.
Сепак, сега во трката се вклучи и Реал Мадрид, кој ќе се обиде да го расипе договорот со баварскиот клуб. Наводно, Мане ја претпочита идејата да замине во Баерн, бидејќи таму би бил прва ѕвезда, но можеби Флорентино Перез повторно ќе направи некоја магија.
Мане е достапен за само 40 милиони евра, откако влегува во последната година од договорот, а тоа се подготвени да го платат и Баерн Минхен и Реал Мадрид. Сега прашање е што ќе одлучи Мане и кој проект повеќе го респектира.
Џулијан Нагелсман и Хасан Салихамиџиќ неколку пати го контактирале Садио Мане и јасно му ставиле до знаење дека сакаат да изградат нов проект околу него, но од друга страна и во Реал тој ќе има загарантирано место на десната страна.
Со Рудигер, Чуамени и Мане, Реал Мадрид буквално би составил дрим-тим за следната сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
