Пари Сен Жермен планира да ги задржи во тимот ветераните, шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос и голманот Кејлор Навас, пишува „Ле Паризиен“. Според изворот, клубот не планира да се раздели со играчите, но тие нема да имаат водечка улога во тимот.
Актуелниот договор на Серхио Рамос со францускиот тим е до летото 2023 година.
Самиот Рамос, според изданието, има намера да остане на „Паркот на принцовите“ и да се бори за своето место во составот.
Со привлекувањето на Рамос во ПСЖ се надеваа дека Шпанецот ќе му помогне на парискиот клуб да се претстави подобро во Лигата на шампионите. Сепак, тој долг период беше повреден изминатата сезона.
35-годишниот Навас му се приклучи на ПСЖ во 2019 година. Џанлуиџи Донарума побара клубот да се изјасни кој ќе биде прв чувар на мрежата следната сезона и многу веројатно е Италијанецот да ја добие довербата пред Кејлор Навас.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













