Роман Абрамович со емотивна изјава се прости од Челси. Денеска клубот соопшти дека се финализирани сите детали за продажбата и се очекува од понеделник официјално да биде објавен Тод Боли како нов сопственик. Зделката ќе биде вредна 4,25 милијарди фунти.
„Поминаа речиси три месеци откако ја објавив мојата намера да го продадам Челси. Во овој период мојот тим работи напорно за да го најде вистинскиот чувар кој ќе биде во најдобра позиција успешно да го води клубот во следниот период. Сопственоста на овој клуб доаѓа со голема одговорност. Откако дојдов во Челси пред речиси 20 години, од прва рака бев сведок на тоа што може да постигне овој клуб“, се вели во изјавата на Абрамович.
„Ми беше чест во животот да бидам дел од овој клуб. Сакам да им се заблагодарам на сите поранешни и сегашни играчи, тренери и секако на навивачите за овие неверојатни години. Горд сум на нашите заеднички успеси. Милиони луѓе ќе бидат поддржани од новата добротворна организација што е формирана. Ова е волјата што ја оставаме заедно“, додаде Русинот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













