
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти покажа одлично расположение ден пред финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул. На прес-конференцијата пред средбата рече дека атмосферата во тимот е одлична. Италијанецот откри дека знае на кои играчи ќе смета утре во стартните единаесет, но се уште не им ја соопштил својата одлука на играчите.
„Карим е поголем лидер од мојот прв престој во Реал, но неговата скромност и квалитети не се променети“, изјави Анчелоти. „Помина една година откако се вратив, но изгледа подолго. Овие мечеви се прекрасни за нас. Знаеме колкава историја има овој клуб. Да дојдеме овде ни беше многу важно. Имавме добра сезона. Расположението во тимот е одлично. Ветераните им помагаат на помладите да ја имаат вистинската средина и да изградат самодоверба за овие натпревари“, изјави Анчелоти.
„Многу уживав оваа година, со овие играчи. Јас сум убеден дека утре ќе бидам нервозен, но тоа е нормално. Сепак, кога ќе ги погледнам лицата на играчите и нивната самоувереност, нервозата исчезнува“, додаде италијанскиот стратег.
Тој го прокоментира и противникот во финалето.
„Ливерпул ќе се обиде да игра интензивно, во тимот има неверојатен индивидуален квалитет. Тие ќе сакаат да ја играат својата игра. Кој ќе успее да ги покаже своите квалитети, тој ќе победи. МНогу е едноставно“, истакна Анчелоти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Лусио заврши во болница поради изгореници

Евро-фудбал
Атлетико Мадрид фрли око на Душан Влаховиќ
