Англискиот премиерлигаш Тотенхем сака да го задржи капитенот Хари Кејн во клубот на подолг период. Раководството на клубот подготвува нов договор за продолжување на соработката, а напаѓачот има волја за разговори, со оглед дека тимот следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите и бележи голем напредок под палката на Антонио Конте.
Кејн минатото лето беше пред трансфер во Манчестер Сити, но на крајот не дојде до зделка откако сопственикот Даниел Леви бараше отштета од 120 милиони фунти. Неговиот актуелен договор има важност до јуни 2024 година.
Хари Кејн се надева дека Тотенхем следната сезона ќе биде конкурентен во трката за шампионската титула, а секако ќе биде дел и од Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal