
Претседателот на УЕФА Александар Чеферин изрази големо задоволство од дебитантската сезона на турнирот од Лигата на конференциите. Вечерва во Тирана ќе биде познат првиот освојувач на трофејот, победникот од финалната пресметка меѓу италијанскиот калчолигаш Рома и холандскиот клуб Феенорд.
„Никогаш не очекувавме толку голем интерес за Конференциската лига на УЕФА. Во 2020 година, кога го избравме домаќинот на финалето, претпоставувавме дека е подобро да започнеме со помал објект“, изјави Чеферин.
Тој ја објасни и идејата на УЕФА за ова натпреварување.
„Идејата на Конференциската лига е да има повеќе натпревари за повеќе клубови и повеќе национални асоцијации да бидат претставени во групната фаза. Формулата што ја користевме беше успешна. Многу фудбалски стручњаци се обидоа да не убедат дека таков турнир не може да се „трка“ со Лигата на шампионите и со Лигата на Европа, но можете да видите дека сега има две екипи во финалето кои имаат квалитети да играат дури и во Лигата на шампионите. Оваа прва сезона ги надмина нашите очекувања“, заклучи Чеферин.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Милан со пресврт ја победи Болоња (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир
