
Фудбалерот на Манчестер Сити, Фил Фоден, е прогласен за најдобар млад играч во Премиер – лигата за сезоната 2021/22. Оваа награда Фоден ја дoбива втора година по ред.
„Многу сум горд што ја добивам оваа награда втора година по ред. Задоволен сум од моите настапи оваа сезона и беше одлично што на тој начин придонесов за добрите резултати на тимот. Навистина е голема чест да се освои оваа награда во толку силна конкуренција“, изјави Фоден за веб-страницата на Манчестер Сити.
Фоден оваа сезона постигна девет гола и додаде уште пет асистенции на 27 одиграни натпревари, а Сити е блиску до освојување на шампионската титула во првенството.
Во конкуренција за наградата, заедно со Фоден оваа сезона беа Трент Александар-Арнолд, Конор Галагер, Тајрик Мичел, Мејсон Маунт, Арон Рамсдејл, Деклан Рајс и Бакајо Сака.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор

Евро-фудбал
Рандал Коло Муани на позајмица во Тотенхем

Интернационалци
Дарко Чурлинов потпиша за Кочаелиспор
