
Македонскиот стратег Александар Васоски се раздели со Сараево, но многу брзо ќе се врати со нов тренерски ангажман. Барем така велат најавите од интервјуто направено за босанскиот портал „Reprezentacija.ba“, каде проговори за својата иднина.
Васоски вели дека преговара со еден моќен клуб од Македонија, а тоа дефинитивно е Шкендија, како и дека постои можност да биде нов селектор на репрезентацијата на Македонија до 21 година. Има преговори и со неколку други клубови од странство.
„Преговарам со два клуба, едниот е од Македонија и е моќен, а другиот е од странство. Постои и опција за преземање на репрезентацијата на Македонија до 21 година. Деновиве ќе донесам конечна одлука“, изјави Васоски.
Пред да го преземе Сараево, Александар Васоски беше тренер на Вардар и на Академија Пандев.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
