
Фудбалерите на Милан во недела по 11 години имаат можност конечно да го освојат „скудетото“. До крајот на сезоната останува само уште едно коло, а „росонерите“ ќе гостуваат кај Сасуоло.
Еден бод му е доволен на Милан за да стигне до титулата бидејќи има два бода повеќе и подобар меѓусебен сооднос од градскиот ривал Интер.
Интер, пак, игра против своите навивачи против Сампдорија и ќе се надева дека Сасуоло ќе го победи Милан за да има шанса да ја одбрани титулата на Апенините.
Јасно е колку овој натпревар е важен за „росонерите“, а тоа најдобро го покажува и еуфоријата која владее кај навивачите на Милан. Тие се подготвени да направат вистинска инвазија на стадионот „Мапеи“. Имено, билетите за овој натпревар беа пуштени во продажба, а по само десет минути барање за купување билет поднесоа речиси 90.000 навивачи. Капацитетот на стадионот е многу поскромен, само 21.000 места.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
