
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година, Драги Канатларовски, го објави списокот на фудбалери на кои смета за двата последни квалификациски меча за пласман на Европското првенство 2023 години во Романија и Грузија.
На 2. јуни, на Националната арена „Тодор Проески” гостува селекцијата на Ерменија. Три дена подоцна, во последното коло од квалификациската група Х, ќе одиграме меч против Украина во Истанбул, Турција.
„За претстојните квалификациски натпревари, повикани се неколкумина нови фудбалери кои се очекува да бидат носители на играта во наредниот квалификациски циклус и оние фудбалери кои во досегашниот тек од квалификациите беа стандардни и ги одиграа поголемиот дел од мечевите. Младите фудбалери кои се очекува да играат и во наредниот циклус, по квалификациските натпревари ќе бидат тестирани и на два контролни меча со селекцијата на Босна и Херцеговина. Очекувам од моите фудбалери да го дадат максимумот на секоја средба. Секој натпревар си има посебно значење, првиот дуел го играме против Ерменија, сакаме победа и добар резултат пред домашната публика. Во вториот меч од квалификациите против Украина очекувам да покажеме карактер, добра игра и квалитет, што ќе биде увертира за тоа што не очекува во следниот квалификациски циклус“, изјави Канатларовски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Евро-фудбал
Луис Суарез доби девет меча суспензија

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс
