Шкупи го совлада тимот на Академија Пандев со 3-0 и со стил ја прослави шампионската титула. Поминаа многу години од последниот шампионски трофеј на Чаир, а оваа сезона Гоце Седлоски и неговите фудбалери ја вратија сосема заслужено откако покажаа дека се најдобриот тим во Првата фудбалска лига.
Кристијан Трапановски беше двоен стрелец, во 42.минута и пред крајот на првиот дел, со голема помош и од гостинскиот голман Марко Јовановски. Третиот гол беше дело на Анид Абази во 67.минута.
Струга Трим Лум и Шкендија ремизираа 1-1, а головите на Дарко Илиески и на Флорент Рамадани беа постигнати во судиското продолжение од мечот.
Работнички беше подобар (2-1) од Пелистер, кој одамна е веќе второлигаш. Димитар Тодоровски во 53.минута донесе водство, а го удвои Марио Станковски во 62.минута. Марио Ричков во 83.минута го постигна голот за Пелистер.
Тиквеш ја победи Македонија ЃП со 2-1. Годберг Купер во 20.минута ги доведе гостите во водство, но во вториот дел Благоја Љамчевски во 51.минута израмни од пенал, а Николај Христов погоди за триумф во 91.минута.
Ренова го декласира Борец кој се сели во второлигашка конкуренција со 1-5, а Скопје со 4-1 ја победи Брегалница.
Џелил Абдула и Дамир Кахримановиќ донесоа водство од 0-2, а намали Џемал Ибрахимовиќ. Во вториот дел за „гипсарите“ стрелаа и Ремзифаик Селмани, Шефит Шефити и Фатјон Јусуфи.
Филип Јаневски беше двоен стрелец за Скопје, а погодија и Дарио Десниќ и Леонид Игнатов во триумфот од 4-1 над Брегалница. Кристијан Ацковски во 80.минута го постигна единствениот гол за Брегалница.
ПРВА ЛИГА, 33.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКУПИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 3-0
СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА 1-1
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР 2-1
БОРЕЦ – РЕНОВА 1-5
СКОПЈЕ – БРЕГАЛНИЦА 4-1
ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-1
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal