
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 16 години ремизираа 3-3 против селекцијата на Таџикистан, а потоа беа подобри по изведување пенали со вкупен резултат 5-4. Мечот се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, како дел од првото коло од УЕФА развојниот турнир за фудбалери родени 2006 година што се одржува во Скопје.
Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ одлично го започнаа натпреварот. По првите 30. минути имавме предност од 2-0. Нуман Ајетовиќ во петтата минута го постигна првиот гол. На 2-0 зголеми Анес Мелиќи во 27. минута. До крајот на првите 45 минути, сепак следеше голем пад во нашата игра.
Противникот тоа го искористи и во краток временски период успеа да постигне два гола и да го изедначи резултатот. Масрур Гафуров во 35. минута погоди за намалување на предноста, а резултатот го израмни Билол Бобоев во последната минута од првиот дел.
На почетокот на второто полувреме, невнимание во нашата одбрана и лошата комуникација меѓу фудбалерите успеа да ја искористи Билол Бобоев и во 48. минута да го постигне својот втор погодок за предност од 3-2.
Македонија до крајот на средбата притискаше и напаѓаше по голот на противникот. Во 84. минута дојде погодокот за Македонија. Стефан Младеновски ги постави конечните 3-3 во регуларниот дел од средбата.
По изведувањето на пеналите, Македонија успеа да слави победа со вкупен резултат од 5:4.
Во вториот натпревар од првото коло на УЕФА развојниот турнир, силите ќе ги одмерат селекциите на Косово и на Хондурас.
Во второто коло, Македонија ќе игра против Косово, на 5. мај на тренинг центарот „Петар Милошевски” со почеток од 16 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Атлетико Мадрид фрли око на Душан Влаховиќ

Евро-фудбал
Кукуреља го турна Челси кон ЛШ (ВИДЕО)

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл
