Наполи одигра 1-1 против Рома на стадионот „Диего Армандо Марадона“ и ги загуби речиси сите шанси за титулата во Серија А. Сега „наполитанците“ имаат четири бода помалку од лидерот Милан и два помалку од Интер, кој има и еден одигран натпревар помалку.
Лоренцо Инсиње беше стрелец на водечкиот гол за Наполи реализирајќи пенал во 11.минута од натпреварот. Сепак, Стефан Ел Шарави во 90.минута го израмни резултатот. Во финишот, Лучијано Спалети одлучи да го брани минималното водство и не успеа во тоа.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во игра во 68.минута на овој дуел, на местото на Ирвинг Лозано.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













