Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ, одржа мотивациски говор за своите играчи од болничката соба. Михајловиќ преку видео врска се поврза со своите фудбалери кои беа во тренинг центарот на Болоња за да ги информира за моменталната ситуација, но и да ги мотивира пред мечот со Милан.
„Физички нема да бидам присутен со вас, но секогаш сум тука со вас. Сите натпревари ќе ги гледам од мојата соба и сум во постојана комуникација со тренерскиот тим. За жал, ова го поминавме пред неколку години, но сигурен сум дека ќе се борам, исто како и вие за мене. Ние веќе еднаш ја победивме оваа болест, можеме повторно. Животот не тече без проблеми, туку со нив. Има два начина да се оди. Едниот е катастрофален, при што може да се жалите и да ја изгубите вербата. Другиот е конструктивен, да се бара позитивната страна на нештата, да се вложи труд“, рече Михајловиќ.
Болоња в понеделник ја очекува дуел со тимот на Милан на „Сан Сиро“, а Михајловиќ им порача дека натпреварот нема да биде лесен и дека нивниот ривал ќе има поддршка од 60.000 навивачи.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski