Напаѓачот на Барселона, Лук де Јонг, денеска не тренираше со тимот, а причината е неговиот позитивен тест на коронавирус. Тој е префрлен во изолација.
Холандскиот напаѓач ќе го пропушти натпреварот против Севилја утревечер на „Камп Ноу“ и нема да има можност да игра против поранешните соиграчи.
„Лук де Јонг е позитивен на коронавирусот. Играчот се чувствува добро“, потврдија од каталонскиот клуб.
31-годишниот Холанѓанец е позајмен во Барселона од Севилја, оваа сезона одигра 15 натпревари во Ла Лига и постигна пет гола.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement