
Селекторот на фудбалската репрезентација на Украина, Олександр Петраков, даде интервју за „Гардијан“ од неговиот дом во Киев, кој, како што вели, не сака да го напушти. Неговата репрезентација треба да се бори за пласман на Светското првенство во јуни, ако воопшто тоа биде можнов.
„Украинското првенство секако е во прекин. Во земјава останаа 26 потенцијални репрезентативци, од кои голем дел се мобилизирани, а 11 интернационалци се надвор од Украина. Во овие услови тешко е да се организираат некакви подготовки или камп за клучниот меч против Шкотска, а победникот од тој меч ќе игра против Велс“, вели украинскиот селектор.
Петраков прво предложи да се организира тренинг камп во западна Украина, но се откажа.
„Ако некој каже дека репрезентацијата тренира во тој дел од земјата, непријателот може да не гранатира. Тоа се луѓе без принципи и морал и не сакаме да ги ризикуваме животите на нашите играчи. Русите не ни се браќа. Би сакал да организирам камп надвор од Украина, можеби во Англија. Можеме да играме на „Вембли“ против Баерн, Манчестер Јунајтед, Сити или Арсенал, а целиот приход би одел за помош на Украина. Мислам дека тоа е добра идеја, и на тој начин нашите играчи ќе бидат добро подготвени за квалификациите. Без натпревари ќе ни биде многу тешко против Шкотска“, истакнува Петраков.
Иако има над 60 години, што значи дека му е дозволено да ја напушти земјата, украинскиот селектор остана во Киев со сопругата. Ќерката, синот и внукот се на западот од земјата и се релативно безбедни, но Петраков и неговата сопруга Ирина секојдневно доживуваат драми.
„Моето семејство не убедуваше да одиме со нив, но јас не сакав. Јас сум од Киев, ова е мојот град и не можев да избегам додека другите го бранат. Ако дојдат во градот, Ќе земам пушка и ќе се борам. Имам 64 години, но мислам дека би можел да убијам двајца или тројца непријатели“, рече Петраков и додаде:
„Во моментов чувствувам омраза само кон Русите. Не лутина туку омраза затоа што овие луѓе ја нападнаа нашата земја. Ќе треба време да се смират емоциите, но засега чувствувам само омраза. Се надевам дека нема да играме против Русија во мојот живот. Не сакам да се ракувам со нив. Кон Русија треба да изградиме ѕид и да направиме се што можеме за да немаме повеќе никаква врска со нив“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Ериксен се сели во Бундес-лигата

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола
