
Во главниот град на Катар, Доха денеска ќе се одржи ждрепката за групната фаза на Светското првенство.
Правилата на ждрепката се многу едноставни, а вреди да се нагласи дека А1 позицијата автоматски ќе ја добие домаќинот Катар кој е во првиот барабан, а потоа ќе бидат извлечени сите останати репрезентации. Селекциите се поделени во четири групи, таканаречените „барабани“.
Репрезентациите од иста конфедерација не можат да бидат во иста група, што не важи за европските репрезентации бидејќи на ждребот ги има 13, што значи дека пет од осумте групи ќе имаат по две европски репрезентации.
Во моментот на ждребот ќе бидат познати 29 од 32 учесници на Светското првенство.
Преостанатите три ќе ги добиеме од дополнителните квалификации. Пласман за Катар ќе обезбеди подобриот од дуелот меѓу Костарика и Нов Зеланд, како и Перу и победникот од мечот ОАЕ – Австралија. Во Европа, Велс се уште го чека подобриот од дуелот меѓу Шкотска и Украина.
Барабани пред ждребот
Прв: Катар, Бразил, Белгија, Франција, Аргентина, Англија, Шпанија, Португалија
Втор: Мексико, Холандија, Данска, Германија, САД, Уругвај, Швајцарија, Хрватска
Трет: Сенегал, Иран, Јапонија, Мароко, Србија, Полска, Јужна Кореја, Тунис
Четврти: Камерун, Канада, Еквадор, Саудиска Арабија, Гана, Велс / Шкотска / Украина, Костарика / Нов Зеланд, Перу / ОАЕ / Австралија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал избегна пораз на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Сорлот влезе во историјата на Ла Лига (ВИДЕО)
