Фудбалерот на Вест Хем, Мануел Ланзини преживеал сообраќајна несреќа во средата додека патувал на тренинг. Тој поминал без никакви повреди, а очевидци истакнуваат дека тоа било вистинско чудо.
„Чудо е што тој е жив според она што го видов. Неверојатно е колку среќа имаа и Ланзини и возачот да не загинат. Играчите на Вест Хем често користат возачи, особено оние што живеат во градот. Тие беа на автопат, па можеше да заврши многу трагично. Тоа само покажува дека без разлика колку пари имате, сите ние сме подеднакво ранливи во ситуации како оваа“, изјави очевидец за британските медиуми.
Возачот на Ланзини изгубил контрола над скапиот мерцедес, удрил во дрво и автомобилот се свртел на страна. Очевидци велат дека возилото било уништено. Возачот морал да биде извлечен од автомобилот, а Ланзини куцал по несреќата, но немало повредени. Аргентинецот беше прегледан и од лекарите во клубот и е подготвен за тренинзи и натпревари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













