Нигерискиот фудбалер и играч на Лестер, Вилфред Ндиди, ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда на коленото со која се здоби на натпреварот против Рен во Конференциската лига на УЕФА, соопшти денеска менаџерот Брендан Роџерс.
Поради споменатата повреда, нигерискиот репрезентативец ги пропушти квалификациските натпревари за СП 2022, во кои неговата репрезентација загуби од Гана.
Роџерс објави дека Ндиди бил опериран и дека неговото враќање на тренинзите се очекува во јуни.
„Штета е за нас, но тој ќе биде подготвен за следната сезона. Откако сум тука, тој беше брилијантен за тимот. Повредата беше незгодна, па му требаше операција и сега ќе се опоравува до јуни“, изјави Роџерс.
Ндиди пристигна во Лестер во јануари 2017 година од белгиски Генк, а оваа сезона одигра 31 натпревар за „лисиците“ во сите натпреварувања.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













