Естонски Номе Калју е заборавен за фудбалерите на Шкендија кои денеска од 17:55 часот на националната арена „Тодор Проевски“ во Скопје ги очекува првиот натпревар од 2. квалификациско коло во Лига Европа против Дуделанж.
Во тимот на Ќатип Османи цврсто се решени да го поправат впечатокот од двата дуел со Естонците и преку Дуделанж да изборат пласман во следната рунда натпревари од квалификациите во Лига Европа.
„По елиминацијата во ЛШ прво што требаше да се направи беше да ја вратиме атмосферата. Анализиравме, најголемата грешка беше во нас. Мислам дека сега сме подготвени за новиот предизвик. Ќе има промени во составот, но пред се и во пристапот на играта. Сега мечот сигурно ќе го стартува новото засилување, Бразилецот Хуан Фелипе“ – вели Османи, притоа осврнувајќи се на противникот.
„Дуделанж има малку поинаква филозофија, сака да игра повеќе фудбал. Номе калју играше само дефанзива, очекувам Дуделанж да биде поактивна екипа и секако тоа е можност за поатрактивен фудбал“.
Доколку го елиминираат Дуделанж, фудбалерите на Шкендија ќе имаат одлична можност за ’одмазда’. Многу изгледно е дека повторно би играле со Номе Калју, во третото квалификациско коло од Лига Европа. Естонскиот тим е аутсајдер во двомечот со шкотскиот првак Селтик. Сепак, прво треба да се елиминира Дуделанж.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Евро-фудбал
Сасуоло го изненади Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција













