Манчестер Јунајтед подготвува големи промени во летниот преоден рок. Kлубот ќе им ја затвори вратата за Хуан Мата, Единсон Кавани и за Џеси Лингард. Сигурно е дека тие ќе го напуштат Јунајтед по истекот на нивниот договор на 1 јули.
Извесно е дека ќе си замине и резервниот голман Дин Хендерсон, кој не сака да седи на клупа како замена за Давид де Хеа и има понуди од неколку премиерлигаши, а прв во низата е Њукасл.
Следниот што би можел да си оди е Ерик Баи, што исто така е стара тема. Тој не е дел ни од пошироката ротација, ниту пак Фил Џонс. На списокот за потенцијални заминувања е и Немања Матиќ, Србинот има спорадична улога во тимот, па не е јасно дали ќе си замине или ќе остане.
Конечно, најпознатото име е Пол Погба, кому исто така му истекува договорот, но Јунајтед не му ја затвори целосно вратата како Мата, Кавани и Лингард. Сепак, Французинот јавно објави дека сака да се бори за трофеи и дека му недостига да биде дел од тим кој секогаш е меѓу кандидатите за најголеми успеси. А тоа веќе не е секојдневие на „Олд Трафорд“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













