
Еден Азар дефинитивно ќе мора да оди на операција, што значи дека оваа сезона за него е завршена.
Сепак, она што се крие зад се е всушност најтажната вистина – Азар сега не мораше да се оперира, туку реши сега да оди да ја „извади“ плочката од ногата, за да се опорави до почетокот на следната сезона, бидејќи тој нема да игра до крајот на тековниот шампионат.
Наводно, Азар сакал да го избере најпогодниот момент за тоа, а како му стана јасно дека е прекуброен во Реал, најдобро е сега да се реши за операција.
Белгиецот ќе го пропушти остатокот од сезоната, но поважно му е да биде подготвен за следната сезона и уште поважно, за Светското првенство во Катар.
Статистиката на Азар во Реал е во најмала рака поразителна, посебно ако се земе предвид дека тој е најскапото засилување во историјата на клубот од 120 милиони евра.
Азар за три сезони во Реал одигра само 65 натпревари, постигна шест гола и додаде 10 асистенции. Тој помина само 3.318 минути на теренот, во просек нешто повеќе од илјада по сезона, или приближно 11 натпревари од по 90 минути.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Самуеле Ричи е првото големо засилување за Милан

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул
