
Селекторот на австриската фудбалска репрезентација Франко Фода соопшти дека ќе ја напушти таа функција по пријателскиот натпревар со Шкотска во вторник, бидејќи не успеа да ја однесе селекцијата на Светското првенство во Катар.
Фода на денешната прес-конференција ненадејно го најави своето неизбежно заминување, велејќи дека е вистинското време бидејќи „големиот сон не се остварил“.
Австриските фудбалери загубија од Велс со 2-1 во четвртокот, во полуфиналето од баражот за Светското првенство.
„Многу размислував во претходните денови и ја преземам целосната одговорност за тоа што не се пласиравме на Светското првенство. Мојата работа како селектор завршува по натпреварот со Шкотска“, изјави 55-годишниот Фода.
Фода на клупата на Австрија седна на крајот на 2017 година, а со селекцијата лани учествуваше на Европското првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул
