
Милан и Интер се во жестока трка за „скудетото“, но и за Елиф Елмас. Откако „росонерите“ покажаа интерес за одличниот македонски репрезентативец кој е член на Наполи, сега и „нероаѕурите“ сериозно влегуваат во трката за негов ангажман во летниот преоден рок.
Италијанскиот репрезентативец Николо Барела е желба на Реал Мадрид и претстојното лето би можел да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“, а раководството на Интер смета дека токму Елмас би бил одлична замена за него во тимот на Интер.
Наполи нема лесно да се откаже од Елиф Елмас. Италијанските медиуми откриваат дека претседателот Аурелио де Лаурентис ќе бара отштета од најмалку 35 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
