
Фудбалерот за врска на Милан, Франк Кеси, од следната сезона и дефинитивно ќе биде нов фудбалер на Барселона. Неговиот договор со „росонерите“ истекува на крајот од сезоната и тој како слободен агент ќе се пресели на „Камп Ноу“.
Како што откриваат каталонските медиуми, репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска веќе ги минал медицинските тестови во Барселона и ставил потпис на договор кој ќе има важност од 1 јули.
Милан не успеа да го задржи Франк Кеси иако првиот оперативец Паоло Малдини водеше преговори за продолжување на соработката. Сепак, двете страни не се доближија во финансиските ставови, а на крајот тоа успеа да го искористи Барселона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
