
Репрезентацијата на Македонија до 21 година го продолжува квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство 2023 година во Романија и Грузија.
Избраниците на селекторот Драги Канатларовски денеска официјално ги започнаа подготовките за претстојните мартовски натпревари од квалификациите против Србија и Фарски Острофи.
Еден од најконстантните играчи сезонава во ПМФЛ, член на Македонија ЃП и младата репрезентација на Македонија, Сефер Емини, ги сподели своите очекувања во пресрет на двата клучни меча од квалификациите.
„Не очекува исклучително тежок натпревар против Србија. Се работи за репрезентација која има голем квалитет, нема да биде лесно, но ние веруваме во нас и ќе се обидеме да обезбедиме позитивен резултат. Секој натпревар е клучен, така ќе биде и против Србија и Фарски Острови . Денеска ги започнавме подготовките, со нетрпение го очекуваме следниот меч. Целта е јасна, а тоа е освојување на три бода. Против Фарски Острови сме фаворити, но тоа мора да го покажеме и на терен. Не очекуваат два возбудливи меча, се надевам дека ние ќе бидеме тие што ќе издвојуваат победа на двата меча”, изјави Емини.
На 24. март нашите млади фудбалери играат против Србија во Белград со почеток од 17 часот, а на 29. март, на стадионот „Тодор Проески” од 18 часот ќе ја пречекаат селекцијата на Фарски Острови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс
