Еден од четирите капитени на Барселона, Серхи Роберто, би можел да ја продолжи кариерата во Атлетико Мадрид. Шпанските медиуми денеска открија дека Роберто е интересна опција за Атлетико, бидејќи договорот му истекува на 30 јуни и би можел да дојде како слободен агент.
Серхи Роберто може да игра на неколку позиции во средниот ред, но и како десен бек, па му се допаѓа на Диего Симеоне, а има и огромно искуство во Ла Лига, откако целата своја кариера ја мина во Барса.
Роберто се уште чека понуда од раководството на Барселона, но Хоан Лапорта реши да ги прекине сите преговори откако играчот одби да ја намали платата за 40%.
Во моментов минимални се шансите Роберто да остане, а Атлетико Мадрид има понуда на маса и не е исклучено да ги засили редовите на својот голем ривал.
Ова не би било првпат еден играч на Барса да оди директно во Атлетико Мадрид, пред две години тоа го направи Луис Суарез, а во 2013 година и Давид Вилја.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













