Десниот бек на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд има повреда на тетивата поради која ќе го пропушти четвртфиналето од ФА Купот против Нотингем Форест и собирот на репрезентацијата на Англија следната недела. Болка по дербито со Арсенал почувствува и Мохамед Салах, па голема е веројатноста да добие пауза.
„Трент е надвор од теренот поради повреда на тетивата. Тој дефинитивно ги пропушта натпреварите и на Англија. Вестите не се добри, но ќе видиме колку време ќе потрае. Тешко е да го замениме, но, сепак, ги имаме Џејмс Милнер и Џо Гомез. Трент ни е многу важен, но Милнер во неколку наврати одлично се снајде на таа позиција. Ќе видиме како ќе се чувствува в недела. Мо исто така почувствува болка во ногата по натпреварот. Ни треба малку среќа со повредите, некои играчи ќе ги ротираме и даваме се од себе за полесно да се опорават“, изјави менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.
„Црвените“ се вратија во жестока трка за шампионската титула во Премиер – лигата, а сакаат да бидат успешни на сите фронтови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













