
Милан е во трка за „скудетото“, а првиот оперативец Паоло Малдини се обидува да оформи уште посилен тим за следната сезона. Една од најголемите желби на „росонерите“, како што пишуваат италијанските медиуми, е македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Тој игра одлична сезона во дресот на Наполи и Милан сака да го доведе на „Сан Сиро“ во летниот преоден рок.
Наполи, според информациите, го проценува Елмас на 35 милиони евра, а Малдини е подготвен да го жртвува хрватскиот интернационалец Анте Ребиќ и да го испрати во Неапол само за да го добие Елмас.
Легендата на Милан и на италијанскиот фудбал е уверен дека Елиф Елмас во наредните неколку години ќе биде еден од најдобрите фудбалери во Серија А и сака да го има на „Сан Сиро“.
Елмас има договор до јуни 2025 година и, сепак, последниот збор ќе го има раководството на Наполи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал

Евро-фудбал
Џон Дуран доаѓа на позајмица во Фенербахче

Интернационалци
Барди и официјално се раздели со Бодрумспор

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го доведе Оли Воткинс

Евро-фудбал
Баерн Минхен тргнува по Луис Дијаз од Ливерпул

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
